Екипи на јавното комунално претријатие “Водовод“ деновиве го изврши редовно чистење и дезинфекција на јавните чешми, за истите да бидат безбедни за битолчани.
Се чистеа, дезинфицираа и поправаа градски и маалски чешми надекаде низ Битола, во центарот, во градскиот парк, во населбите “Бела Чешма“, “Брусничко“, кај Болницата, низ старата чаршија, велат од “Водовод“, кој истакнуваат дека се секогаш во служба на граѓаните.






