На 28.04.2020 во 12.55 часот било пријавено дека во Битола на улица “8 Септември“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило и моторцикл.
Патничкото возило “шевролет калос“, со битолски регистарски ознаки, било управувано од 62 годишен жител на село Трн, битолско, а мотоцикл “пјаџо“, управуван од 27 годишен скопјанец.
Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.






