Press "Enter" to skip to content

Прволигашите не се договорија, конечната одлука за првак ќе донесе кошаркарската федерација

Прволигашите, или клубовите членови на Првата македонска лига денеска преку видео-конференција ги искажаа своите ставови, за иднината на прекинатата сезона, а претставникот на КК Пелистер, беше воздржан за двата предлози.
 
-Денеска преку видео врска клубовите требаше да се произнесат на кој начин да биде затворена сезоната, бидејќи претходно беше констатирано дека услови за продолжување на Првата лига нема. Денешниот состанок беше за да се донесе одлука како да се затвори сезоната, вели претседателот на КК Пелистер, Сашко Наумов, кој за тоа како се одвиваше денешниот состанок ни рече:
 
-Федерацијата понуди на “зелена маса“ два предлога. Првиот предлог беше актуалниот првак МЗТ Скопје Аеродром да биде прогласен за шампион за сезона 2019/20, но да испаднат два клуба, Вардар и МЗТ Скопје Уни Банка. За истиот својот глас го дадоа двата тима на МЗТ Скопје Аеродром како и екипата на ФМП Академија. Второт предлог беше да нема прогласување на шампион, со тоа што нема да има ниту испаѓање од Прва лига, за што се изјаснија четири тима и тоа: Работнички, Гостивар, Вардар и Куманово.
 
На гласањето екипата на Пелистер беше воздржана, односно не гласаше ниту за еден предлог. 
 
-Ние и екипите на Еуро Никел, Кожув, бевме воздржани во гласањето по предлогот од страна на федерацијата. Оставаме да нема надгласување за една ваква одлука која е важна за целата сезона, туку одлуката да ја донесе Управниот одбор, откако сериозно ќе ги разгледа двата предлози, бидејќи ставот на прволигашите има карактер само на предлов или совет, а членовите на УО ќе ја донесат конечната одлука. 
More from СпортMore posts in Спорт »