Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “Седете дома“, наши сограѓани се на своите работни места и непрекинато се обидуваат да одговорат на сите барања и потреби на луѓето во оваа ситуација. Вработените во експозитурите на Стопанска банка а.д. Битола секојдневно стојат на располагање за своите клиенти. Работат со заштитна опрема, маски, ракавици и визири.
Ги прашавме како им поминуваат овие денови под посебни мерки во експозитурата на Стопанска Банка а.д Битола додека се на своите работни места, дел на шалтерите, а дел на другите места кои се во директен контакт со клиентите:
-Повеќе од јасно е дека работиме во услови различни од се она што и ние и клиентите сме искусиле претходно. Првично, во експозитурите се регулира редот , обезбедувањето кое ги пречекува клиентите на влезот го регулира бројот на лица кои може да влезат во просторијата и ги насочува на одбележаните места во експозитурата. При влегувањето сите клиенти добиваат средство за дезинфекција на рацете и застануваат на обележаните места кои се соодветно предвидени со цел да се одржува задолжителната препорачана дистанца. Нашите простории редовно се дезинфицираат. Ние работиме со заштитна опрема, маски, ракавици и визири и со сите клиенти разговараме на определено растојание. Морам да напоменам дека и клиентите се целосно дисциплинирани и ги почитуваат пропишаните превентивни мерки.
-Голем број од нашите клиенти доаѓаат во банките за да платат сметки. Апелираме дека нашата Банка има дигитални сервиси – електронското и мобилното банкарство “Bank2GO“ преку кои плаќањето на сметките клиентите може да го извршат од своите домови, многу лесно, брзо и безбедно. Посебно во ваква вонредна ситуација и повозрасните кои се сметаат за една од најсензитивните групи на граѓани можат да ги плаќаат сметките електронски и додаваат од Стопанска банка а.д. Битола.
-На пораката “Седете дома“, ние ќе додадеме и “Плаќајте сметки од дома’’, а за сите неопходни посети на експозитурите ние, вработените, стоиме на располагање да ве услужиме, а вие придржувајте се до сите препораки и мерки за заштита, држете соодветно растојание и следете ги насоките кои ќе ви бидат дадени, за ваша лична и наша безбедност.






