Кај пациентка, која има долготрајно крварење, применета е хистероскопска аблација на ендометриум.
Претходно, пациентката била лекувана со конзервативна терапија и имала три киретажи, по што крварењето продолжило.
https://www.facebook.com/BolnicaPlodnost/videos/2256143991355581/
Наместо препорачаното вадење на матка, во нашата болница на пациентката и беше направена тотална аблација на слузокожата на матката со хистероскопија.
Кај пациентката е избегнато вадење на матката.
Во нашата болница таа остана 5 часа и комплетно е излечена. Своите работни обврски ќе може тековно да ги завршува од наредниот ден.
Тоа е разликата по која нашата болница отскокнува од останатите.






