Лабораторијата на Жан Митрев достави допис со исправка до ИЈЗ за позитивни резултати на 3 лица (2 од Скопје и 1 од Битола) пријавени на 24 април. Трите лица се всушност негативни, а причина за грешката е најверојатно контаминација на материјалот.
Кај трите лица лабораторијата во Жан Митрев уште веднаш, на 25 април, направила контролен тест на оригиналниот материјал, но и на нов брис по што се добиени негативни резултати, а истите лица се тестирани и преку ИЈЗ и тие резулатати се негативни, соопшти денес Министерството за здравство.
Инаку, енеска Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти во: Скопје-19, Куманово-25, Прилеп-1, а потврдени се 15 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-7, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1.
Согласно ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1506, бројката на оздравени пациенти е 852 , на починати е 82, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 572.






