Press "Enter" to skip to content

Во Битола во тек е првиот кинески филмски фестивал

Во Битола се одржува првиот кинески филмски фестивал во Битола, а на свеченото отворање присуствуваше нејзината екселенција Џијанг Сјаојан, амбасадорка на Народна Република Кина во Република Македонија.

„Еден екран. Две култури. Безброј приказни“, беше пораката испратена од овој фестивал, на кој синоќа ја имавме можноста да го проследиме филмот „Сонцето изгрева над сите нас“.

Станува збор за современа кинеска драма што се фокусира на човечките односи и емотивните доживувања.

Овој фестивал ја потврдува нашата соработката со Народна Република Кина и во делот на културата, односно филмската уметност.

Фестивалот беше отворен на 5 октомври во Голема сала, со филмот The Sun Rises on Us All – кинеска драма од 2025 година во режија на Каи Шанџун, за која актерката Ксин Џилеј ја освои наградата Волпи куп за најдобра актерка на Филмскиот фестивал во Венеција.
More from КултураMore posts in Култура »