Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: на 4 мај одбележани годишнини, борците за Тито, УМС на ВМРО за Гоце Делчев (фотогалерија)

-Две значајни истористи личности кои и до ден денес ги разбрануваат чувствата на граѓаните овој свет го нашуштија на ист ден, утрешен, 4 мај, а тоа се Јосип Броз Тито и Гоце Делчев, започна со своите сеќавања за значајни настани и личности за Битола од пред 10 години, доајенот на битолското новинарство, Димче Миновски.-Пред помалку од 40 години почина претседателот на тогашната држава СФР Југославија, маршалот, Јосип Броз Тито, а во 1903 година идеологот на ВМРО, Гоце Делчев, вели Миновски и додава:-Ретко се случуваше на овој ден да има две одбележувања, но ете во 2010 година на ист ден, како имам запишано во своите новинарски белешки за месец мај, две одбележувања се случија за само еден час. -На бистата на Тито која се наоѓа на Широк Сокак, тогаш улицата се викаше “Маршал Тито“, цвеќе положија делегации на Сојузот на борци и поединци, со што ја одбележаа смртта на врховниот  командат на ЈНА, а беше прочитан и пригоден текст.На стотина метри подалеку, пред спомен бистата на Гоце Делчев историски час одржаа Унијата на млади сили на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, а беше положено и цвеќе, во куќата во која некои претпоставуваат дека престојувал Делчев, вели Миновски.-Како било некогаш кажува истотијата, но и ние кое сме современици на овие настани, некој го негира делото на еден, некој на друг, но ќе остане фактот дека двајцата Тито и Делчев се историски личности кои не мораме да ги сакаме или почитуваме, но тие се, и ќе останат дел од колективната меморија на битолчани, но и не само на нив, туку и пишироко, додава Миновски.

More from БитолаMore posts in Битола »