Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер без голманот Никола Митревски, заминува во Порто, Вардар или бундеслигаш?!

Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски си оди од Битола, тој нема да го носи дресот на Еурофарм Пелистер и следната сезона, е информацијата која не ги остави рамнодушни љубителите на ракометот во Битола.

Битолскиот голман Митревски, кој во Еурофарм Пелистер дојде од романскиот клуб Констанца, лани потпиша договор на една година со Еурофарм Пелистер, со можност да биде соработката продолжена и оваа година, но тоа нема да се случи, иако нема официјални информации од клубот или Митревски.

Неофицијално, има три опции каде Митревски ќе ја продолжи кариерата идната сезона по одличните одбрани оваа сезона.

Има опција новиот клуб да биде од Португалија, а овој пат да го облече дресот на Порто. Митревски две сезони беше дел од португалската Бенфика, од 2015 до 2017 година и сигурно нема да им проблеми со адаптацијата, доколку трансферот биде реализиран.

Се шпекулира дека и Вардар е заинтересиран за него, но таму е нејасно кој ќе биде газда на клубот следната сезона. 

Исто така е отвроена и опцијата да замине за Германија и да го брани голот на Бундеслигаш.

More from СпортMore posts in Спорт »