Press "Enter" to skip to content

“Дрим каст“ и “Гимел“ видеата од мобилен на матурантите од Горната ги претворија во интересно видео (видео)

Во време кога сите матурски прослави се откажани заради пандемијата предизвикана од коронавирусот, Матурантите од СОУ “Јосип Броз – Тито“ од Битола, ја покажаа својата креативност преку едно интересно видео, кое ќе ја одбележи нивната матура.

Во домашни услови снимаа видео со своите мобилни, каде задача им беше да кажат по еден збор кој случајно ќе им текне на памет. Освен зборови, матурантите снимаа и звуци од секакви предмети што им беа на дофат, а со тоа се дополни и аранжманот на самата песна.

Дрим Каст“ во соработка со “Гимел студио“ од Битола, ги искористија нивните видеа за да создадат кавер на популарната песна од Billie Eilish – “Bad Guy“.

И како што објавувајќи го ова видео напишаа од “Дрим Каст“ продукција покрај ситуацијата со коронавирусот, во домашни услови, успеавме да снимиме една „наша“ песна која со случајно нафрлени зборови снимени во кратки видеа со мобилен телефон, малку „Cubase“ и малку „Adobe Premiere“ звучи вака:“

Во продолжение линк до матурското видео на учениците од СОУ „Јосип Броз – Тито“ од Битола:

More from БитолаMore posts in Битола »