Press "Enter" to skip to content

Форумот на жени при ОО на СДСМ Битола положи цвеќе на споменикот на Тито

Денес, на 40-годишнината од смртта на Јосип Броз Тито, Татјана Крнчева во име на Форумот на жени при ОО на СДСМ Битола, почитувајќи го препораките на социјална дистанца и препораките за заштита од COVID-19, положи цвеќе пред спомен бистата на Јосип Броз Тито на Широк Сокак.
 
-Ликот и делото на Јосип Броз Тито претставува нераскинлив дел од македонската историја. Неговите напори за самостојна, економоски силна и напредна држава продолжија и после неговата смрт. Неговите заложби, борби и стремежи продолжија преку иднините поколенија, а кои се темелат на заедништво, другарство и единство. Денес исто така се одбележуваат и 117 години од смртта на Гоце Делчев. И двајцата великани ги поврзува борбата за самостојност, револуционерноста, борбата за подобро утре и обединување по сите основи за повисока цел. Вечна слава и на двајцата, рече Татјана Крнчева претседател на форумот на жени.
More from БитолаMore posts in Битола »