Press "Enter" to skip to content

Ректорот проф. д-р Сашо Коруновски за вечерашните корона-дијалози со министерот Адеми и ректорите, за студентите и предизвиците…

Вечер ќе започне одржувањето на серијалот “Корона дијалози“ што ќе опфати повеќе онлајн дискусии за влијанието на пандемијата врз општественото живеење и секојдневните текови.

Првата тема на вечерашните Корона дијалози е “Влијанието на новите предизици од панделијата врз високото образование2 каде што ќе говорат министерот за образование и наука Арбер Адеми, ректорот на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски, ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски, ректорот на УЈИЕ академик Абдулменаф Беџети, проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски и проректорот на УГД проф. д-р Мишко Џидров.

Денес ректорот на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски имаше краток брифинг со новинарите на кој информира за вечерашните дијалози и за актуелни теми околу организирање образовниот процес во овие нови услови.

-Го следиме пулсот на студентите кои студираат на УКЛО, кои едногласно се изјаснија дека се против воведување на “он-лајн“ полагање. Тоа од една страна зборува за нивната свесност и совесност, дека она што значи “он-лајн“ полагање, треба да одговара на квалитетот на нивните знаења, но тука се и другите проблеми, дали студентите располагаат со техника, со интернет… Во сите одлуки кои се носат се вклучени претставици на стунетите и без нивна согасност нити една мерка нема да биде донесена, рече Коруновски.

Сега се замрзнати сите испитни рокови, а со новите мерки процесот ќе се либерализира учењето, се создаваат други проблеми околу заштитата на студентите, за што, надлежните треба да пропишат соодветен протокол, за што и ќе се зборува на вечерашните дијалози помеѓу министерот за образование Арбер Адеми, како и ректорите на битолскиот, скопскиот, штипскиот и јужноевропскиот универзитет.

Околу враќањето на студентите на факултетите Коруновски рече:

-Ако треба да се вратат студентите, голем проблем кај универзитетите и предизвик ќе биде да направиме здрава работна средина. Секој оној што ќе дојде на час или ќе има друга потреба во сите овие простории, треба да го заштитите, зашто Универзитетот не смее да биде потенцијално жариште на било каква болест. Сепак, се работи за повеќе илјади студенти и тоа не е мала работа. Ние не сме обучени тоа да го правиме, рече професорот Коруновски.

More from ВестиMore posts in Вести »