Press "Enter" to skip to content

Митко Стојковски, на денешен ден пред 25 години го “реши“ 100. дерби помеѓу Црвена Звезда и Партизан

-Во 85 минута го постигнав победничкиот гол за Црвена Звезда против Партизан во 100. вечно дерби на Маракана, која беше преполна со 80.000 гледачи, а претходно изнудив и пенал во 79. минута. По голот, преку трчав кон “Делиите“ на север, а мислев дека ќе падне трибината поради големата радост на навивачите, сите тргаа кон мене. Беше фантастично, вели нашата спортска легенда, Митко Стојковски, во денешното интервју за српски “Телеграф“, а тоа значи само едно, дека Митко е длабоко вгнезден во срцата на навивачите на Црвена Звезда.

Митко Стојковски, херојот на Црвена Звезда  во тој натпревар доби специјална задача од тренерот Љупко Петровиќ, што беше изненадување за Партизан, а тоа и го реши натпреварот. Стојковски играше дефанзивец, либеро, со специјална задача, на натпреварот кој се одигра на денешен ден, на Ѓурѓовден, пред 25 години, за кој натпревар Митко ќе додаде:

-Овој натпревар ја одбележа мојата кариера, луѓето во Белград и оние кои навиваат за Црвена Звезда насекаде. Натпреварот беше многу важен, бидејќи со победа ја решававме титулата, а со пораз ќе имавме ист број на бодови со Партизан. Партизан водеше со 1:0, имаше игра и шанси, а ние победивме со 2:1, се сеќава Митко, кој на тој натпревар беше прогласен за играч на натпреварот, а пехарот кој го доби го чува на посебно место во домот.

-Затоа ми е посебно мило кога некој ќе се јави и ќе побара интерју не само за овој натпревар, туку и за друг, а секако сеќавањата за 100. дерби се незаборавни, голот победата, пеналот, пречекот пред натпреварот од навивачите со огромна “бакљада“ на север.Целото интервју на Митко Стојковски за српски телеграф каде и натпреварот на следниот линк:

https://www.telegraf.rs/sport/fudbal/3186178-mitko-stojkovski-100-veciti-derbi-fk-crvena-zvezda-fk-partizan-gradjevinac-delije-sever

More from БитолаMore posts in Битола »