Денот на полицијата, 7-ми мај денес беше одбележан и во Битола, а за разлика од минатите години поради вонредната состојба активностите беа намалени.
Традиционално беше положено свежо цвеќе на спомениците на загинатите припадници на полициски сили, во дворот на СВР Битола и на споменикот “Ангел“ во паркот кај Саат кулата.
На споменикот пред СВР Битола и споменикот “Ангел“ пред саат кулата, цвеќе положија началникот на СВР Битола, Андреј Василевски, заменикот началник Славко Јовановски, претставници на СВР Битола и претставници на полицискиот синдикат.
По повод празникот на полицијата, Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола рече:
-Денес го одбележуваме денот на полицијата 7. мај, а го славиме поради тоа што на тој дон во 1903 година во Смилево селските стражи кои го обезбедуваа Смилевскиот конгрес се преименувани во милициски. За разлика од минатите години актисвностите се сведени на минимум поради состојбата со корона вирусот.
Празникот на полицијата им го честита претседателката на РСБСП, проф. д-р Гордана Кожуварова.
–Сакам да упатам честитка до сите мои колеги и колешки пензионирани и идни колеги, ДА НИ Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ 7-ми МАЈ ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА. Продолжете така професионално и одговорно да ги извршувате задачите со кои ќе ја гарантираме слободата и безбедноста на граѓаните, е пораката на портпаролот Стаматова до колегите.

Денот на полицијата 7-ми мај одбележан и во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Вангел Алтипармаковски нов тренер на Кожув
- Flowers Symphony 2 се враќа во Скопје со нова програма и ново изненадување
- СВР Битола: дедо пријавил внука за заминување од дома, се степале соученички во средно, физички напад, битолчанец возел со забрана за возење
- Прва седница на Координативното тело за следење на имплементацијата на ЛЕАП
- Битола ја добива манифестацијата која и прилега “Чкембе фест“





