Стана непишано правило веднаш по затворањето на некој бизнис поради различни причини, објектот кој е во државна сопственост, за кратко време да се претвори во компетно некорисен, односно руина.
Вакви примери има многу, а како најнов пример е колонијалот на улица “Димитар Влахов“ кој откако беше затворен за брзо време се претвори во руина. Ги нема стаклата на прозорците, ги нема вратите, внатре е се откорнато. Кога започна пустењето беа ставени метални табли, но и ни, некој и го најде крајот.
А, да потсетиме вакви објекти има многу, тргнувајќи од објектите во касарната, продавниците кај Скуберни, а колку има руинирани објекти откако фирмите “паднаа“ во стечај кој знае колку се.






