Проектот и од “Велес се може”, кој го имплементираат заеднички Фондацијата ПРЕДА Плус од Битола и X – Factor Accelerator од Велес, време на COVID-19 кризата, го користеа мошне конструктивно и со полна пареа.
Така деновиве за прв пат во Македонија го хостираа првиот “ONLINE DEMO DAY“ на кој своите бизнис идеи ги презентираа 9 тимови, претходно селектирани во конкуренција од 20 претприемачи, кои успешно ја завршија интензивната шестнеделна тренинг и менторска програма.
Она што овој настан покрај планираната содржина го направи посебен е фактот што истиот се реализираше со платформа за видео – конференции создадена од македонскиот стартап “Vidict“.
Во рамки на програмата, со експертска поддршка на тренерите обезбедени од страна на X Фактор Акцелератор, учесниците ги доразвија своите бизнис – модели, во сите најважни аспекти за успешно стартување и водење на бизнисот. А на самиот ДЕМО ДЕН петчлената Комисија за евалуација и присутните гости имаа прилика да слушнат исклучително иновативни и атрактивни бизнис – идеи.
-Работата на развојни програми изминатите 15 години ме научи дека економските системи се динамични и чувствителни на промени, но ова што се случи последните месеци во светот со здравствената криза беше надвор од сите мои фантазии. Сепак едно нешто што низ годините го научивме и во ПРЕДА Плус е дека промените се добри и во секоја ситуација колку критична да изгледа во даден момент, постои можност. Заедничкиот проект со Х Фактор Акцелераторот од Велес замислуваше завршеток на една солидна пред-акцелераторска програма со „класичен“ ДЕМО Ден за пичување на идеите организиран во комотна конференциска сала. Кога веќе нѐ удри реалноста со корона кризата и благодарение на партнерите од X фактор акцелераторот и на Видикт, нов македонски стартап кој го понуди онлајн конференциско решение, успеавме да гоорганизираме првиот онлајн ДЕМО Ден во овој дел на светот. Стартап тимовите беа одлични, веднаш ја прифатија идејата, презентациите им беа професионално спакувани и најважно од се го положија првиот тест на водење на бизнис, а тоа е: Очекувајте големи предизвици и бидете подготвени, изјави Дд-р Маријана Милевска – претседател на “ПРЕДА Плус Фондација“ за одржлив економски развој, и додаде:

-Постои една позитивна работа за сите стартапи во време на ваква криза, а тоа е дека сите идеи стартуваат од иста појдовна точка, небитно е физички каде се наоѓаат. Битолчани, Велешани итн… сега нема изговори дека сѐ се случува на скопската сцена за стартапи. Но, битно е кој ве води, менторира низ процесот на развој на идеите и каде да се обратите за потенцијални инвеститори. Вашата мрежа на соработници е сега уште поважна од кога и да било. ” –
На Демо Денот идеите беа презентирани пред затворен круг од инвеститори, претставници на јавен и приватен сектор, академија и релевантни чинители на стартап – заедницата. Најдобро оценетите стартап – тимови ќе имаат можност да бидат финансирани од страна на X Фактор Акцелератор, во рамки на проектот кој се реализира со ФИТР, во партнерство со Светска банка.






