Денес, недела на 10 мај, во 21 часот ќе се одржи мини концерт во кој учество ќе земат Маја Андоновска Илијевски, Димитар Андоновски, Бојан Стојков, Марија Митровска, Тамара Стојковска, диригентот Владимир Димовски и Камерниот оркестар на Битола во скратен состав.
Концертот ќе трае 40 минути, технички е помогнат од пријатели на културата, без финансиски бенефит, како поддршка пред се за борците во првите линии со корона вирусот – нашите лекари и здравствени работници.
Битолчани ќе можат да го гледаат на “YouTube канал“, или во живо на Фб страната на Тера телевизија.






