Претседателот на на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес со почеток во 10 часот закажа вонредна седница на Советот на Општината Битола, која поради вонредната состојбе ќе се одржи “он-лајн“ преку апликацијата “ZOOM“.
Вонредната седница е барање на градоначалникот на Битола, Наташа Петровска, а на неа ќе има само една точка на дневер ред.
1. Одлука за давање на донација на финансиски средства на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола потребни за ставање во фукнција на Микробиолошката лабораторија за молекуларна дијагностика на КОВИД – 19 во насока на ефикасно, ефективно и навремено детектирање на пациентите со корона вирус.






