Press "Enter" to skip to content

“Трансфер бомба“ од Еурофарм Пелистер, некогашниот најдобар светски младинец, Стипе Мандалиниќ во Битола (видео)

Еурофарм Пелистер вечерва ја објави можеби најголемата “трансфер бомба“ на Балканот, а нов ракометар на „фармацевтите“ е хрватот Стипе Мандалиниќ, некогашниот најдобар светски младинец, за кој беа заинтересирани најголемите балкански клубови.

Мандалиниќ, хрватскиот лев бек ќе биде замена за Владислав Остроушко, и ќе биде втор ракометар кој директно од Бундеслигата доаѓа во Битола и ќе ја комплетира хрватската колонија која ја сочинуваат Мараш, Кушан и тренерот Бабиќ.

https://www.facebook.com/rkeurofarmpelister/videos/2746680332121461/

По потпишувањето на договорот од Загреб, новиот лев бек на битолчани испрати видео-порака до новите фанови и вети освојување на трофеи, во која се вели: Добро вечер на сите фанови на Еурофарм Пелистер и на „Чкембарите“. Официјално преговорите се готови и јас сум нов член на Еурофарм Пелистер од Битола. Се гледаме наскоро и почнуваме со освојување на титулите.

Следна цел на управата на Еурофарм Пелистер е доведување на голман и замена за Никола Митревски, кој пред десетина дена обелодени дека го напушта матичниот клуб.

More from СпортMore posts in Спорт »