Плановите на Еурофарм Пелистер за силна екипа која ќе игра на домашен и меѓународен план полека се оствауваат. Пред реализација е и четвртото засилување, а тоа ќе биде на пивотменската позиција, хрватскиот интернационалец, Томислав Кушан.
Кушан ќе биде замена за Шевелев кој замина од тимот, а ќе го комплетира триото кружни напаѓачи, заедно со Граџан и Никола Маркоски.
Томислав Кушан има 26 години, висок е 200 сантиметри, тежок 110 килограми, кадетски и младински репрезентативец на Хрватска, а настапувал за Пореч, Медвешчак и Логроњес.
Кушан е вториот Хрват, покрај Матео Мараш, во ростерот на Жељко Бабиќ, а досега Еурофарм Пелистер донесе среден бек од Германија Периќ, “пикер“ од Шпанија, а од Македонија е Танковски.






