Битолчани и други граѓани од државата, за летувањата, кои во овој месец секоја недела ќе им ги подарува на здравствени работници испратија преку социјалните мрежи до туристичката агенција “ЈК Травел“ 2.300 предлози од сите градови од државата и најголем број здравстевни установи.
-Големата бројка на пријавени лекарски работници се должи на благодарноста од граѓаните до нив и за пожртвуваноста во работата за да се спасат човечки животи и да се спречи ширењето на коронавирус, па затоа имаме толку пријавени, а во некои предлози има цели тимови, цели одделенија, велат од ЈК “Травел“.
Првиот здравствен работник на кој “ЈК Травел“ ќе му подари лекување ќе го дознаеме уште утре, а ќе треба само да донесе во агенцијата потврда дека е вработен во лекоја здравствена установа.
Победа против Covid-19 и заслужен одмор за нашите херои. Сите што нема да бидат наградени, а се тагнати од Вас, добиваат ЈК “Травел“ клуб картичка која им носи попуст за секоја нивна резервација кај нас.






