Најголем дел од кафулината на Широк Сокак ги отворија вратите-шалтерите за битолчани полека да се вратат на старата навика, кафе шема.
Вчера во текот на денот, посебно во попладневните часови, кога битолчани излегуваат на попладневна прошетка низ градскиот парк, до Тумбекафе или Смолево, се прилагодија на новата реалност “земи-носи“ и купуваат кафе од кафулината, а во најголем дел се чекаше и на ред за кафе.
Покрај кафето интересен за помладите беше и сладоледот, за кој исто така се чекаше во ред, секако се почитуваше растојанието, за кое секаде се поставени знаци и одбележани места каде да се чека, но со надеж дека од понеделник ќе се вратат на стариот начин со седење, но по нови правила.

Насмеани, угостители, битолчани ја прифатија новата реалност “земи-носи“(фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





