Битолчанецот Јован Бошковски – Гроф, сопственик на компанијата “Ozonway“ од Битола заеднички со “Ozonway“ од Србија, додели донација на Дирекцијата за заштита и спасување. Донацијата се состои од 6.000 литри “MHS -50“, еколошко средство за дезинфекција на улици и јавни површини, во вредност од 50.000 евра.
Бошковски, вредната донација, лично му ја додели на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски, кој се заблагодари за донацијата во име на Владата, премиерот Оливер Спасовски и во име на Дирекцијата за заштита и спасување, која доаѓа во вистинско време, како рече, во овие клучни моменти за спречување на внесување и ширење на коронавирусот.
Согласно насоките на Главниот координативен кризен штаб на Владата, овие средства ќе бидат распределени на општинските штабови кои ќе ги користат за дезинфекција на улиците и јавните површини.

Хуман гест на битолчанец, донираше 6.000 литри средство за дезинфекција (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Промоција на преводот на англиски на романот “Три Марии“ на Оливера Ќорвезировска (фото)
- Зголемена проодноста и безбедноста на патот до Чебрен
- Утре полуфинале со МЗТ, Вилсон е оптимист, ова е плејоф, влогот е огромен, но можеме до победа
- ЈП “Паркинзи“ Битола: од утре “Мечо“ повторно ќе вози на радост на најмалите
- 3. работилница за изработка на физибилити студијата за изградба на гондола на Пелистер





