Кога се застана поради коронавирус, меѓу првите кои беа “затворени“ беа спортските терени, а со тоа прекината сите спорстки активности. Како битолските спортови го поминуваат времето со коронавирус и како понатаму низ гледиштето на спортистите и спортските работници.
-Корона вирусот навистина е нешто што никој не го посакуваше, но тоа е реалност со која мораме да се справуваме, со оваа реченица го започна своето мислење за состојбата во спортот воопшто и за состојбата во одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј, тренерот Роберт Митковски.
-Прекинавме во најубавиот период за одбојкарките во сите категории каде имаме екипи, сениоркскатам младинската, кадетската и пионерската екипа, а ќе кажам и за останатите кои кај тренираат. Сите беа во играчка форма која ја посакувавме, бидејќи ни следуваа одлучувачките натпревари за медали, посебно во младинските екипа, додека пак кај сениорките, кои се далеку најмлада екипа во лигата ни следуваа натпревари на кои ќе ја подигневме самодовербата кај девојките на наредната сезона, кога требаше само да има надградба на оваа телентирана и перспективна екипа. Но, тоа е тоа се вративме назад, прекина тренажниот процес, а секако и натпреварите, и сега ќе мораме да вложиме големи дополнитени ангажмани за повторно да ја стигнема прво формата која ја имавме, а потоа и да ја надоградуваме. Но, ова проблем на спортистите од целиот свет, од сите дисциплини, вели Митковски.
За тоа како го поминаа карантинскиот период и како се справије во новонастанатата состојба Митковски вели:
-Справувањето е сведено на работа од дома, вежби и одржување на формата колку што дозволуваат условите и просторот. Ние како клуб сме во постојан контакт со нашите играчи и постојано ги охрабруваме да останат истрајни и силни во оваа вонредна ситуација. Досегашното стручно работење е сосема доволно, па играчите се едуцирани и потковани за самостална работа, но секако им стоиме на располагање за секаков вид на доедукација и насоки по кои треба да се движат. Свесни сме дека овај начин на работа не е ни одблиску ист како во деновите пред тоа, но избор немаме и тоа е така за сите останати, па веројатно почетната форма за сите клубови, па и во сите спортови нема да е на завидно ниво, но тоа е тоа. Деновите кои следат очекуваме да има олеснувања на мерките, па секако од понеделник размислуваме и за работа на отворено, штом условите тоа го дозволат, кој се задржа и на финанскиската состојба на клубот, за што додаде:
-Кога станува збор за финансиите тоа е исто така ова е една нова реалност испреплетена со многу неизвесности со кои сите дополнително ќе се соочиме, а особено спортските клубови, кои директно или индиректно зависат од стопанството и државата. Пелистер Волеј внимателно и грижливо ја започнува секоја сезона со сериозена анализа и подготовка на подолг рок, па така во овај момент можиме да кажиме дека сме стабилни како клуб и подготвени ќе го дочекаме првиот удар. Но, проблемот е во тоа што никој нема јасна слика до кога ова би можело да трае, па така се што би следело на подолг рок секако дека ќе се одрази на сите па и на нашиот клуб, кој реално располага со најмал буџет во поглед на останатите колективни клубови од нашиот град, а за спортските ваучери кои ги добија клубовите вели:

-Дополнителен проблем ќе се јави и со реализацијата на ваучерите кои ги доделува државата преку агенцијата за млади и спорт (АМС) кои практично е и невозможно да се реализираат оваа сезона, па се надевам дека улогата ќе ја превземе директно државата, но останува да видиме. Поддршката пак на градот Битола кон Пелистер Волеј е континуирана и за тоа сме неизмерно благодарни, па се надевам дека така ќе остани и оваа година. Исто така се надевам дека ќе профункционираат владините мерки за помош со директно финансирање на котизацијата за идната сезона, како и преполовувањето на закупнините на спортските објекти и терените, кое е неопходно ако сакаме да преживееме во периодот пред нас. Нашите генерални спонзори се клучниот дел во приказната, но и тие се директно погодени, па колку побргу заздрават тие, толку поверојатно е да заживее и спортот во сиот оној сјај како пред проблемите кои ги предизвика корона вирусот.
За тоа како ќе се одвива враќањето во спортска форма на клубот Митковски е конкретен:
-Немам илузии, бавно и болно ќе го пребродуваме сето ова. Сите без исклучок и големи и мали.
Во поглед на продолжување на сезоната, која речиси беше до самиот крај ОК Пелистер Волеј ја информира јавноста, своето членство и симпатизери дека нашата федерација ОФМ испрати предлог допис во кој наведе конкретни датуми за одигрување на тековната сезона и тоа во сите можни категории, а воедно побара и мислење од клубовите за истиот, за што Митковски ни рече:
-Во писмото испратено до сите клубови се наведува дека во сениорска конкуренција, првите четири екипи ќе одиграат завршни полуфинални и финални натпревари за шампионска титула како и за титулата за КУП на Македонија, по принципот среда-сабота, започнувајќи од 3 јуни, а победниците би се дознале некаде на крајот на јуни според дадените датуми, додека екипите од 5 до 12 место завршуваат според моменталниот пласман. Пелистер Волеј во оваа ситуација не е засегнат, и за нас за жал сезоната за нас е завршена со моменталниот пласман на 10 позиција. Велам за жал затоа што сме конкурентни имавме убав распоред и можевме да напредуваме за неколку позиции во преостанатите 5 кола, а Пелистер има и натпревар помалку. Доколку не се одлучи поинаку, па од тука ние не би сакале да се мешаме во начинот и системот на одигрување и сме воздржани по предлогот.
За малдинските категории каде целта беа медали за сите екипи Митковски вели:
-Во младинска конкуренција со оглед на тоа што веќе се познати четирите учесници, а Пелистер Волеј е еден од нив, ние ќе учествуваме во борбата за шампионска титула и тоа на 14 јуни 2020 а тоа би било најмалку еден Ф4 годинава. Шанса имаат и кадетките кои треба да го одиграат последниот бараж 1/4 финален дуел на 31 мај 2020, по кој ќе знаеме дали и тие ќе се пласираат на завршен Ф4 турнир кој е предвиден за 21 јуни 2020. И Пионерките, како и кадетките се во иста ситуација па така и тие имаат еден бараж 1/4 финален дуел на 07 јуни 2020, по кој доколку минат и тие би обезбедиле завршен Ф4 турнир кој пак е предвиден за 28 јуни 2020.
-Да се надеваме дека шампионите ќе се дознаат на терен и дека нема да има само тивко завршување на сезоната без прогласување на победници или прогласување според моменталниот пласман што секако е најкоректно и Пелистер Волеј во целост го поддржува предлогот на ОФМ, со можни мали корекции на датумите во полза на воведување во тренажен процес на екипите пред стартот на натпреварите, вели тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски.






