Press "Enter" to skip to content

Дирекција за заштита и спасување: пронајдено лицето кое исчезна пред два дена во Битола

Лицето кое се водеше како исчезнато од 13 мај е пронајдено во провалија на местото Тумбе кафе во Битола.
 
Од ДЗС информираат дека Тимот за спасување од планина на Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со припадниците на МВР-СВР Битола го пронашле лицето со видни повреди по целото тело. Повредениот покажувал знаци на живот и со возило на Итната медицинска помош е пренесен во битолската болница.
Тимот на Дирекцијата за заштита и спасување за спасување од планина, надополнет со уште неколку членови, по кратка координација со припадниците од МВР-СВР Битола и вклучување на две кучиња трагачи и помош од воздух со два дрона продолжија и денес, како и вчера со пребарување на теренот и потрагата по исчезнатото лице.

Фото: ДСЗ

More from ВестиMore posts in Вести »