На последната седница на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија на која беа дефинирани клубовите кои ќе ја претставуваат нашата држава во европските клупски натпреварувања, федерцијата си зеде обврска да аплицира и оваа наредна сезона, како и претходната екипата на Еурофарм Работник да биде дел од ракометната лига на шампиони.
Доколку „вајлд-картата“ не биде прифатена, тогаш битолскиот прволигаш ќе настапи во групната фаза од Европската лига, а сигурен претставник во Лигата на шампионите ќе биде екипата на Вардар.
Федерацијата ќе испрати апликација за Металург, а биде дел од групите во Европската лига, доколку не добие автоматско место.
Екипата на Бутел ќе игра во ЕХФ Купот, а преку РФМ ќе се бара место во ова натпреварување уште за Пролет и Охрид.
На седнивата беше официјализирано е и проширувањето на Суперлигата за наредната сезона, на 14 екипи плус СЕХА-лигашите Вардар и Пелистер. Четиринаесет екипи ќе бидат поделени во две групи од по седум екипи. Трите најдобри екипи од секоја група ќе се пласираат во плеј-офот.






