Press "Enter" to skip to content

Секогаш размислете пред да зборувате! Проект “Комуникација“ за подигање на свеста на населението “ЕУ Институт Скопје“ и “Bitolanews“)

ВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА

Претставува форма на комуникација кој што се реализира со користење на глас, говор, јазик. Ова значи дека кога комуникацијата се врши со помош на говор ( или евентуално пишано), во овој случај велиме дека велиме е во вербална форма. Говорот е единственото нешто што човекот го издвојува од животните.

Морам да напоменам дека вербалната и неверблната комуникација се неразделно поврзани и секој кој комуницира додека зборува вербално, секако испраќа и невербални пораки кои се дел од таа комуникација. Праксата кај сите луѓе покажува дека неможе да се сретне човек кој што комуницира само вербелно.

Сите ние учиме да зборуваме уште од мали нозе но, колку добро понатаму ќе се снајдеме во животот, работата или училиштето зависи само од тоа колку време и работа ќе поминеме во усовршување на нашите вербални комуникациски вештини.ПРЕДНОСТИ НА ВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА

Таа е моќна и ефективна комуникација. Главна предност е тоа што е постојана и лесна за разбирање.

КАКО СЕ ПРЕНЕСУВА

Со помош на глас и се нарекува усна комуникација. Претставува средство кое ни овозможува брзи и повратни информации од соговорниците. Доколку комуникцијата се врши во пишан формат, тогаш се нарекува писмена комуникација. И двете се под-категории на вербална комуникација. Секако, вербалната комуникација може да биде се што е изразено со зборови во било кој комуникациски медиум. Се состои од два вида усна и пишана.

Постојат придобивки но и ограничувања од усната комуникација. Одредена категорија на луѓе кои не се во состојба да комуницираат усно, се одлучуваат за комуникација по писмен пат.

Вербалните комуникациски вештини се неопходни за сите ние квалитетно да комуницираме. Во сите гранки, свери дејности и фази од нашиот живот. Со клиенти, при мотивирање на тим, со ученици ни помага во справување во тешки ситуации или при презентации и предавања.ОСНОВЕН УСЛОВ ВО ВЕРБАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА

Да можеме да зборуваме но, и да разбереме. Во секој случај, начинот на кој сите ние ги користиме вербалните вештини за комуникација, го претставува нашиот емеотивен тон и ја одредува успешноста на секој еден од нас во работното опкружување, семејството или училиштето. Опасност секогаш постои бидејќи зборуваме од наша перспектива наместо од преспектива на слушателот. Постојат многу ситуации кои бараат јасна вербална, говорна комуникација: говори, презентации, интервјуа, состаноци, работилници, вежби, дискусии и друго.

ШТО МОЖЕМЕ ДА НАУЧИМЕ ПРЕКУ ВЕРБАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА

Да зборуваме спонатано и кохерентно. Да разјасниме, одговориме и да се справиме со сите прашања. Да ги пренесеме нашите идеи јасно, концизно и самоуверено па дури и во ситуации коа сме под притисок. Да очекуваме предизвици.

СОВЕТ

Секогаш размислете пред да зборувате. Тоа е мудра вербална комуникација !

ПРОДОЛЖУВА …

Регистрирано Национална Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“, Скопје.
ISBN 978-608-4880-00-4, КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ, COBISS.MK-ID 111602442
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.