Press "Enter" to skip to content

Тестирани 80 вработени од битолските градинки, сите негативни на ковид-19

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни.

Инаку, во изминатите 24 часа направени вкупно се 462 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1 и Охрид-1. Досега во земјата се направени вкупно 21010 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1762, бројката на оздравени пациенти е 1267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.

More from ВестиMore posts in Вести »