Press "Enter" to skip to content

Битолскиот спорт во корона: Митко Милевски – скијачки клуб Пелистер: поради коронавирус не се одржа традиционалниот “Пелистерски велеслалом“

Кога се застана поради коронавирус, меѓу првите кои беа “затворени“ беа спортските терени, а со тоа прекината сите спорстки активности. Како битолските спортови го поминуваат времето со коронавирус и како понатаму низ гледиштето на спортистите и спортските работници.

Скијачите на Пелистер не ја завршија сезоната во скијачката 2019/20 година, а не го организираа ни традиционалниот Пелистерски велеслалом. За состојбата во клубот, Митко Милевски вели:

-Скијачкиот клуб Пелистер натпреварувачката 2019/2020 како и во сите спортови заради корона вирусот, кој не погоди сите, не ја доврши натпреварувачката сезона. Викендот кога требасе да го одржиме Пелистерскиот Велеслалом и да ја продолжиме долгата традиција се прекинаа сите спортски активности. Првично заказаниот термин не моќевме да го запазиме поради немање на снег, на патеката Копанки, па баравме алтернативни датуми да се одржи истиот. По кажувањето на постарите не ќе беше прв пат Пелистерскиот Велеслалом да го одржиме на патеката “Корија“ во Маврово, кој за останатите натпреварувачки активности додава:-Оваа сезона под покровителство на ски федерацијата се одржуваа подготовки на сите клубови во Маврово на вештачки снег во одлични услови.  Поединечно имавме забележителни резултати и тоа : Ева Милевска, прва година во “FIS Children“ имаше одличен настап, учествуваше на сите планирани трки исвен на последната која требаше да се одржи во Пампорово, Бугарија. Исполнета е нормата на скијачка федерација на Македонија со неколку меѓународни пиедестали, прво, второ и трето место. Од останатите се истакна Кристијан Мицевски кој постигна голем напредок во категорија “Цицибани“.

За тоа како се снаоѓаат на “суви тренизи“, Милевски вели:

-Заради ситуацијата децата имаат индивидуални тренинзи под раководство на стручни лица. За наредната сезона Ева Милевска веќе ги запоцна подготовките под раководство на тренерот на “А“ селекцијата,  Антонио Ристевски. Но, сега сме на почетотокот на новата сезона, без некои одредени датуми за подготовки, за тренизни, за трки, во неизвесност. Чекаме скијачката федерација да ги достави насоките како ќе се одвива овој спорт кај нас, но и насоките како ќе работат скијачките центри, посебно на глечерите, каде изведуваме дел од летните подготовки.Митко Милевски не заборави да ги спомене и ски-бордерите.

-Мора да ги споменеме и ски-бордерите кои макотрпно тренираат. Изминатата сезона неочекувано ја завршија сезоната, иако почетокот ветуваше многу. На меѓународните настапи имаа одлични резултати. За наредната сезона имаме двајца претставници во “FIS CHILDREN“ категориите: Анамари Мушуланова и Евгиниј Ристевски, а најмладиот и надежен Антеј Мушуланов после наредната година ќе им се приклучи.

More from СпортMore posts in Спорт »