Press "Enter" to skip to content

Делови од “Ленинова“, “Тошо Даскало“ и “Блаже Рогозинаро“ поплочени со бехатон плочки

Општина Битола продолжува со уредување на калливите улици во градот, а покрај поплочувањето, се поставуваа нови водоводни приклучоци, или пак се работеше на мешовитата канализација.

Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска изврши увид во работењето на крак од улицата , “Тошо Даскало“ и „Блаже Рогозинаро“ каде во моментов се работи на поплочување со бехатон плочки.На „Ленинова“ на површина од 230 метри квадратни, за кои општината издвои околу 230.000 денари. Претходно на оваа улица, екипите на КЈП „Нискоградба“ работеа на изведеба на мешовита канализација во вредност од 381.000 денари.

Паралелно, на крак од улицата “Тошо Даскало“, по поставувањето на мешовита канализација од страна на КЈП „Нискоградба“ во вредност од 174.000 денари, улицата е поплочена со бехатон плочки на околу 120 квадратни метри, чија вредност изнесува 120.000 денари.

На дел од ул. „Блаже Рогозинаро“, поплочени се 150 метри квадратни, во вредност од 150.000 денари, а претходно беа поставени 6 нови водоводни приклучоци од страна на екипи на ЈКП „Водовод“, во вредност од 60.000 денари.

More from ВестиMore posts in Вести »