Исплатени средствата за месец април, во износ на минимална плата од 14.500 денари за спортистите и спортските работници од првата мерка по донесената уредба за финансиска поддршка за спортисти, стручни лица од областа на спортот и спортската администрација за време на вонредна состојба.
Вкупно 53 битолчани, спортисти, тренери и администрација во клубовите добија помош, од ФК Пелистер – 23, КК Пелистер – 5, РК Еурофарм Пелистер – 17, ЖРК Пелистер – 7, ТК Пелистер -1.
Финансиската поддршка ја реализира Агенцијата за млади и спорт.
По добиените барања од страна на Националните спортски федерации, стручна комисија во рамки на Агенција за млади и спорт одлучуваше по истите. Листата на сите оние кои се корисници на средства во износ на минимална плата од 14.500 денари, опфатени со првата од сетот на мерки кои се однесуваат на спортистите и спортските работници, може да ја погледнете следниот линк:
https://drive.google.com/file/d/1_rdqMRYyu_X-ezog-H64gn2UoHxS_DMC/view?fbclid=IwAR2GBbh0QJOf-YQMpwOnWKqoDBjHi3SwMA1kwGL4xW5qkw-MdQcrtHdhHDs






