Press "Enter" to skip to content

Техничкото училиште ќе има нов покрив, дограма и санитарни јазли

Со над 560.000 денари од буџетот на Општина Битола, се работи на санација на дел од санитарните јазли во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“. Во овој дел се работи на обновување на санитарните јазли, се поставуваат нови тоалети и се санира целосниот ентериер со нови плочки и дополнителна опрема.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, заедно со директорот на училиштето Владимир Роме, извршија увид во работните активности на терен.На денешната 54 седница на Советот на Општина Битола, e одобрена донацијата, која минатата година беше договорена од страна на градоначалничката Петровска и генералниот конзул на Република Бугарија Димитар Иванов. Со грант во вредност од 133.000 евра доделени од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија и со кофинансирање од страна на Општина Битола во вредност од 1.660.500 денари (27.000 евра), ќе се реконструира покривот и комплетната дограма во Техничкото училиште во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »