Од новата сезона во Битола доаѓаат двајцаискусни кошаркари кои досега беа во Кожув, Бојан Трајковски и Бобан Стајиќ, а со нивно ангажиеање челните лица на Пелистер, најавуваат голема кошаркарска еуфорија во Битола.
Кошаркарскиот клуб Пелистер денес ги официјализира потпишаните договори со двајца македонски репрезентативци. Бојан Трајковски и Бобан Стајиќ со кои Управата на Пелистер ги договори условите за соработка, а како започна новата сезона во поглед на новите кошаркарик ова е сигурна најава за сериозен кошаркарски проект во Битола.
Битолчани се првиот клуб што тргна активно во потписи на кошаркари за следната сезона, а неофицијално дознаваме дека ќе има уште пријатни изненадувања за битолските љубители на кошарката.






