Press "Enter" to skip to content

Што е Бон Тон!? Проект “Комуникација“ за подигање на свеста на населението “ЕУ Институт Скопје“ и “Bitolanews“)

Збир на правила на добро однесување, добро облекување, културно изразување и зборување се нарекува Бон Тон.

Кога зборуваме за средношколци то значи добар однос на училиште, културен, среден и сведен изглед, мудро однесување во непријатни и кризни ситуации, добивање доверба од соучениците и наставно образовниот кадар, добро однесување на час и во училишната средина, во лифт, во домашното опкружување, на јавни места при средби, по пат на телефонска комуникација.

Во целост сето ова значи како да се претставиме себе си во најдобро светло. Дa научиме како да се поздравуваме со наставници, како со родители а како со своите соученици па понатаму во животот со сите останати со кои ќе треба да комуницираме.

ПРАВИЛО БРОЈ 1

Да научиме дека луѓето ќе не ценат пред се според нашето однесување.ПРАРИЛО БРОЈ 2

Најважен е првиот впечаток кој ќе го создадеме со своето однесување во контакт со: наставниците, професорите, понатаму во животот со соработниците и деловните партнери.

Дали можеби сте чуле за втор впечаток ? Или можеби сте слушнале за 7 впечаток ?

Се разбира дека не. Запомнете ! Луѓето секогаш ќе не паметат по првиот впечаток. Поради овие причини доколку сакаме што подобро да се презентираме себе си не е потребно само уредно да седиме на пример на час или состанок. Покрај се ова многу е важно како зборуваме и како гестикулираме.

Сето ова е дел од Бон Тон кој треба да се почитува кога станува збор за состаноци каде доколку ги почитуваме сите правила на доброто однесување постои релна можност да добиеме висока оценка или понатаму во работата да договориме добра деловна зделка.ШТО НИ Е ПОТРЕБНО ?

Љубезен глас, ведро лице, фини движења и општа одмереност – еве ги првите неколку работи кои речиси секогаш би требало да бидат присутни во деловна конверзација, без разлика на да тоа дали е тоа во сооднос со темата за која се разговара.

По јасното излагање и внимателна конверзација со одбрани зборорви, не е важно важно само да слушаме, туку и вистински да го чуеме соговорникот. При тоа не е пожелно да го прекинуваме во излагањето туку, потребно е да почекаме да заврши, па потоа учтиво да се обратиме со реплика и наше мислење како одговор.

За водење на деловни разговори можеме да се користиме белешки за да не дојде до забуна или застој на состанокот.

Додека разговарате со некого, немојте да му приоѓате премногу блиску – трудете се да склучите договор а не да го заведувате соговорникот.

Во деловните разговори не употребувајте негативни предзнаци или зборови како
што се: ама, или, меѓутоа, ова, она, па и слично.

Доколку почувствувате дека вашиот соговорник со вас зборува од височина, останете воздржани и не возвраќајте со иста мерка.

Трудете се да не сте преопрширни, разликувајте го важното од неважното.

И секако попуштајте на ситници.

Не претерувајте со комплимнети кон професори/наставници и понатаму со деловни партнери, користете што помалку празни и слатки зборови.

Трудете се да не се истакнувате во преден план, тоа препуштете му го на соговорникот, кога јасно и љубезно ќе го гледате во лице (што не подразбира фанатично фиксирање со поглед).

Секогаш останете смирени без разлика каков ќе биде исходот на разговорот кој што го водите.

ВИДОВИ НА ОБЛЕКУВАЊЕ

Освен доброто однесување, во делот на бон тон спаѓа и доброто облекување. Што значи тоа ?  Мора да сме свесни и да знаеме која гардероба каде треба да ја облекуваме.

ПОСТОЈАТ ШЕСТ ВИДОВИ НА ОБЛЕКУВАЊЕ:
– Streetwear
– Casual
– Business Casual
– Smart Casual
– Business/Informal
– Black Tie/ Formal

ШТО Е ДЕЛОВЕН БОН ТОН ?

Во бизнисот, колку и да мислите дека сте успешни или добри, луѓето ќе ве ценат најпрвин според вашето однесување.

За сите консултации, on-line предавања на оваа, но и други теми можете да
не контактирате на info@euinstitue.eu.

ПРОДОЛЖУВА…

Регистрирано Национална Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“, Скопје.
ISBN 978-608-4880-00-4, КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ, COBISS.MK-ID 111602442
 Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.