Press "Enter" to skip to content

Битолскиот спорт во корона: Гордана Цветковска-Бошевска, кик бокс клуб Самурај, без клубски и репрезентативни борби

Кога се застана поради коронавирус, меѓу првите кои беа “затворени“ беа спортските терени, а со тоа прекината сите спорстки активности. Како битолските спортови го поминуваат времето со коронавирус и како понатаму низ гледиштето на спортистите и спортските работници.

И поединечните спортови немаат активности, а за разлика од екипните спортови поединците можат самостојно да тренираат и да се подготвуваат за натпреварите и турнирите кои престојат. Но, иако се поединечни спортови, боречките спортови поради контактот кој е присутен кај нив тешко дека за брзо ќе има мечеви. Како каратистите и кик-боксерите на КБК Самурај се справуваат во време на корона, тренерот и судија Гордана Цветковска-Бошевска вели:-Непосредно пред пандемијата Кик бокс клубот Самурај на 23 февруари учествуваше на
државното првенство во организација на Кик-бокс Маитаи федерација и имаше одличен
настап со освоени три сребрени и еден златен медал со што дел од натпреварувачите си ги загарантираа идните настапи во репрезентативниот дрес. Но, жал овие репрезентативни пласмани останаа нереализирани и нашите борци немаат натпревари каде ќе ја докажат репрезентатовната форма.

Но, остануваат репрезентативните обврски тие да се подготвуваат и да ја надоградуваат формата за што  Цветковска-Бошевска ни напиша:-Станува збор за редовни репрезентативни обврски уште од поодамна не научиле да изнајдуваме можности за дел од подготовките да ги спроведуваме во домашни услови така што дел од нашиот дом, а секако и на сите борци приликуваат на вежбални, каде што ја одржуваме формата. И покрај тоа што вонредната состојба ги опфати и сите сегменти на редовниот спортскиот живот можеби индивидуалниот спорт за разлика од колективниот добива поголема предност во можностите за тренинг. Ние пред се како семејство,  тренираме секој ден по најмалку час и половина во кој е опфатен кардио тренинг, тренинг за сила како и “shadow техники“. Велам како семејство затоа што во овие моменти мојата улога на професионален тренер кои што сака и работи претежно со деца е споредна, главната улога сега на тренер за континуитет на спортските навики ја имаат родителите.

Една од македонските репрезентативки и Леа Бошевска, како таа се подготвува и како ја одржува формата Цветковска-Бошевска додава:-Иако репрезентативните настапи на Леа Бошевска се во мирување, таа подеднакво се
подготвува. Да се прескокни една репрезентативна година од една страна значи да се изгубат голем број настапи за твојата татковина и да се пропуштат нови искуства, но од друга страна значи и поголем мотив и желба за предизвиците што следуваат.

More from СпортMore posts in Спорт »