Press "Enter" to skip to content

Битолчани од муслиманска вероисповед со утринска-бајрамска молитва за Рамазан Бајрам(фото)

По повов празникот Рамазан Бајрам во Битола утринска и бајрамска молитва се одржа денес рано. 

Од денес, по триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански Бајрам, кој се смета за голем празник во исламот.

Рамазан е еден од петте столба на исламот, покрај верата, молитвите, поклонението и давањето милостина.Месецот на Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта, а од пост се ослободени децата, бремените жени, доилките и болните.

 

More from ВестиMore posts in Вести »