Press "Enter" to skip to content

Со спот за свечената химна за Св. Кирил и Методиј и рецитал одбележан патронат на училиштето (видео)

Достоинствено одбележан патронатот беше и со рецитал за сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј.

На 24 Мај ОУ “Св. Кирил и Методиј“ едно од најстарите училишта во нашиот град го прославува својот патрон празник. Низ своето постоење од век и половина ѕидовите на ова училиште се неми сведоци на тоа што се случувало во него и поминало. А низ него поминале голем број ученици кои потоа го продолжиле својот од во разни насоки на иднината.

Оваа година во вонредни услови снимен спот кој исто така ќе биде сведок за едно време кое го поминуваат учениците, наставниците и претставува нова реалност. Нови вонредни услови и затворено училиште заради  пандемијата од коронавирус.

Во овие посебни услови со запазување на мерките дел ученици од училишниот хор ја испеаја свечената химна во чест на  сесловенскиоте просветители браќата Светите Кирил и Методиј, а со тоа им оддадоа почит и на достоиснвен начин го одбележаа својот патронен празник.

Во спотот учествуваат ученици од 8 и 9 одделенија кои се дел од училишниот хор ја изведуваат свечената химна за сесловенскиоте просветители под  месторство на наставничката по музичко образование Катерина Пејовска. Вклучени беа одреден број на ученици за да се запазат мерките на претпазливост, бидејќи мораше да бидат бидат снимени на растојание од 2 метри.

Во спотот се  учениците Бисера Пројковска, Дамијана Ристевска, Јована Неделковска, Ана Наумова, Ана Дабиќ, Ева Ѓорѓиевска, Ана Котевска и Сара Тодоровска од 8 одделенија и Ива Салевска, Ивана Трпевска, Андреа Ачковска, Лука Петровски, Драган Ѓорѓиевски од 9 одделенија.

Достоинствено одбележан патронатот беше и со рецитал за сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј.

Ученици кои учествуваа во рециталот: Марија Сервини, Евгенија Маслинко, Мартин Кочишки, Ангела Јовановска, Георгина Димитровска, Аница Неловска – 9 одделение, Љубен Неделковски – 8 одделение, Христијан Дракуловски и Наум Марковски – 7 одделение, под менторство на наставничката по македонски јазик Александра Упале.Инаку, свечената химна на Св. Кирил и Методиј“  училишниот хор секоја година ја изведува на овој ден на централна приредба. Овој пат музичкиот спот има силна  уметничка нота.

Од училиштето упатуваат голема благодарност до тимот на “Creative production“ кои го снимија и монтираа овој спот да звучи како што би требало, а снимениот спот ќе остане да биде сведок за едно време и со тоа ја има посебна уметничка вредност. Низ секвенците на истиот провејуваат емоции кои ја опишуваат новата реалноста на посебен начин. 

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »