Кога се застана поради коронавирус, меѓу првите кои беа “затворени“ беа спортските терени, а со тоа прекинаа сите спорстки активности. Како битолските спортови го поминуваат времето со коронавирус и како понатаму низ гледиштето на спортистите и спортските работници.
Битолските мотокросисти поради коронатавирусот и препораките и забраните за заштита од ширење на висрусот, не ја започнаа оваа сезона, но за која има најава дека ќе започне наредниот викенд. Како битолскиот мото-кросист Зоран Каранфиловски – Ќаме за состојбите во овој спорт ни рече:
-Се подготвувавме за старт на мото сезоната за втората половина од месец март, а прва трка требаше да ни биде на Источноевропското првенство во мото-крос, а првата трка требаше да се вози на патеката во Грција на 15 март. Потоа беа закажани трки во Бугарија на 5 април и Турција на 19 април. Но, по забраната за движење и затворањето на границите се се прекина. Нашиот шампионат ниту започна, а мото-кросот кој едвај се одржуваше поради мал број на трки кои се одржуваат кај нас, ќе претрпи поголеми штети. Инаку, оваа сезона по разговорите во ланскиот клуб, јас ќе возам за нов клуб, МК Мотори, од Скопје, за што веќе имам и готови документи, односно лиценца.
Како Каранфиловски го помина овој период на забрана за движење и без мотор вели:
-Ние сме индивидуален спорт и и можевме во време на забрана, кога имавме дозволено движење да тренираме. Но, патеките не беа подготвени целосно, односно се лоши и тешко беше да се изведуваат квалитетни тренинзи. Но, ја одржував формата на начин кој ни дозволуваше ситуацијата, со вежби за физичка кондиција и сила дома, трчање на планина и вежби. Кај нас најважно е да имаме добро подготвен моторцикл, па затоа тоа јас сам го правам. Со надевам дека моторот ќе биде подготвен за наредната трка. Но, морам да кажам и тоа дека поради затворените граници тешко беше да се набават делови за ремонт на моторциклот и одреден период бев и без моторцикл.
За идните планови, Каранфиловски вели:
-На наша среќа, на сите мотокросисти, за 6 и 7 јуни е закажана првата трка од македонскиот шампионат. Сите ова долго го очекувавме, да излеземе на патека и да возиме, да се натпреваруваме. Но, само оваа трка е закажана и ќе мораме да почекаме за комплетниот календар за мак-шампионатот. Исто така со нетрпение го очекуваме и меѓународниот календар за “BMU motocross“ каде ќе се натпреварувам, но многу ќе зависи како ќе се одвиваат работиме од сите аспекти. Што се однесува пак до плановите се надевам на висок пласман поради тоа што со моите спонзори “Новоматик“, “Астра казино“, “Адмирал“ казино и “Конти Хидропласт“ ќе подготвам силен моторцикл.






