Дел од угостителските објекти, кафулината, откако беа затворени на 15 март, пред околу два и пол месеци, денес пуштија тивка музика, од 12 до 18 часот, во очекување на конечната одлука на Владата на денешната попладневна седница за нивно отворање по предлогот кој е доставен од Комисијата за заразни болести.
По затворањето вој сектор, беше еден од најпогодените, а дел од вработените се отпуштени, а денес со нетрпение ја очекуваат одлуката за нивно повторно отворање, согласно протоколите кои очекуваат да ги добијат.
Инаку, започнаа со подготовките за отворање пред две седмици, а дел од нив веќе работат со продажба на производи на шалтер, по принцип земи-носи, а најповеќе продаваат кафе.
Иако според најавите кафулината ќе траба да работат само на летните тераси, нкој од кафулината нема постаевено инвертар по новите протоколи.
Што се однесува до цените пред извесно време битолските угостители одржаа состанок и се договорија како ќе продолжат понатаму, односно по кои цени.
Битолчани кои ги сретнавме денес по Широк Сокак ни рекоа дека им недостига социјалниот живот, но доколку утре се отворат угостителските објекти ќе испијат кафе почитувајќи ги мерките, но сепак постои некој страв кај сите.






