Денеска 27.05.2020 година во 20.00 часот ќе продолжи серијалот КОРОНА ДИЈАЛОЗИ кои опфаќаат повеќе онлајн дискусии за влијанието на пандемијата врз општественото живеење и секојдневните текови.
Четвртата тема на денешните Корона дијалози е „Влијанието на новите политички и правни предизвици од пандемијата“ каде ќе говорат д-р Мирјана Лазаревска Трајковска врховен судија на РСМ, проф. д-р Цане Мојаноски, проф. д-р Никола Дујовски, проф. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје, проф.д-р Горан Илиќ проф. д-р Елена Тиловска Кечеџи и проф. д-р Мирјана Ристовска од Правниот факултет во Битола.
Во функција на новонастаната ситуација и оддржување на духот и мотивот кај студентите и професорите на Универзитетите, се оддржува серијалот на активности во овој период со кој непосредно се остварува влијание во справувањето со новите предизвици и креирањето на јавните политики чија промена е нужна, но и за правните обврски и последници од нивната примена по завршување на вонредната состојба смета иницијаторот и модератор на овие дијалози проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски професор на Факултетот за безбедност-Скопје.
Особено фокус во дискусијата ќе биде ставен и на човековите права и слободи, влијанието на меѓународните организации, но и состојбата во земјата и оддржувањето на вонредни парламентарни избори.






