Еурофарм Пелистер 2 комплетно ја продолжи соработката и со најискусниот ракометар и капитен на клубот, Васко Димитровски, кој потпиша нов едногодишен договор.
Кружниот напаѓач беше на истек од договорот, доби и понуди од неколку суперлигаши, но на крајот пронајде заеднички јазик и ја продолжи верноста со Еурофарм Пелистер 2.
Еурофарм Пелистер 2 претходно, минатата седмица потпиша договори и со Стафан Дрогришки, Иван Димитровски, Стефан Талевски, а по потписот на Димитровски го има и костурот на екипата за наредната сезона, а се очекуваат уште ракометари кои ќе потпишат договори.






