После 65 дневен карантин, вечерва по 20 часот, кога е редовниот термин за вечерни прошетки на битолчани, Широк Сокак повторно заживеа и изгледаше како вообичаено како и пред воведување на полицискиот час.
Слободата на движење повторно се почуствуваа и веднаш го промени ликот на градот кој во овие часови беше празен и пуст.
Покрај релативно ладно време вечерва, што не е вообичаено за овој период на годината, голем број битолчани излегоа на прошетка, да ја почуствуваат слободата.
Дел од нив од љубопитност како изгледа градот по карантин, некои за да пешачат, или за извршување ба обврските за купување.
Секако сите ќе се сложат дека им недостигаа и вечерните прошетки по улицата која е симбол на Битола, а со фотографии ви принесуваме како изгледаше Битола, односно Широк Сокак и Шеталиштето помеѓу 20 и 21 часот вечерва.

После 65 дена полициски час, вечерна прошетка на битолчани по Широк сокак и паркот (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





