Попладнево на улицата “Партизанска“ се случи верижен судир на пет возила од кои три од “форд мондео“, еден мерцедес и едно комбе “фиат“.
Според очевидците, кои биле на самото место, причина за несреќата е едно од возилото “форд мондео“ кои се движело во правец на семафорите кај Шеталиштето, на излезот од “Партизанска“ кон населбата “Пејтон“ се извртило, удрило во контејнер со задниот дел, а потоа удрило во возило кое се движело во спротивната насока, исто така марка “форд мондео“.
По оваа несреќа, третото “форд мондео“ застанало и не учествувало во сударот, но за несреќа други две возила марка “мерцедес“ и комбе “фиат“ се судриле, откако “мерцедесот“ застанал.
Според очевидците има повредено лице кое е упатено во Клиничка болница со возило на итната медицинска помош, а сообраќајната полиција врши увид на местото и го регулира сообраќајот на “Партизанска“.

Два судари на “Партизанска“ за неколку секунди, учествувале пет возила три “форд мондео“, мерцедес и комбе, едниот “форд“ ја избегна несреќата (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Битола ја добива манифестацијата која и прилега “Чкембе фест“
- Деновиве пред 10 години: Во Новаци примовирана мобилна туристичка апликација (фото)
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)





