Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола, еден новозаболен и еден оздравен од ковид-19

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти Скопје 1, Куманово 1, Прилеп 4, Велес 9 и Битола 1.

Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на ковид-19 од кои Скопје 24, Куманово 4, Штип 4, Тетово 3, Битола 1 и Неготино 2.

Досега во земјата се направени вкупно 27.023 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 168 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Куманово и Скопје и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2077, бројката на оздравени пациенти е 1486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469.

More from ВестиMore posts in Вести »