Горан Козаров – директор на ЈП “Водовод“ и Менде Граматковски – директор на “Стрежево“ денес во просториите на “Водовод“ потпишаа договор со кој межусебно го регулираат процесот на мерење и испорака на преземена вода на “Водовод“ од Акумулацијата Стрежево. Како нагласија Козаров и Граматковски во изминатите години, имало одредени проблеми, за жал имало и судска разврница во одреден период меѓу двете претпријатија.
Директорот на “Водовод“, Горан Козаров, по потпишувањето на договорот рече:
-Ова е заеднички голем ден за двете претријатија “Водовод“ и “Стрежево“, потпишуваме договор кој ќе реши многу проблеми кои двете претријатија ги мачеа во минатиот период. По потпишувањето оставаме во наследсво, регулиран процес за испорака на вода, превземена вода на “Водовод“ од “Стрежево“, а во иднина да нема никаков проблем. Со договорот се дефинирани местата од каде “Водовод“ ќе презема вода, начинот на испорака од нивна страна и начинот на мерење на испорачаната вода кон “Водовод“. Воедно би сакал да се заблагодарам на стручните тимови кои работеа во текот на трите години на изнаоѓање на ова решение, како и на соработката на “Стрежево“ за решавање на овој проблем.
Во врска со тоа колку се користи “стрежевска“ вода, Козаров рече дека тоа зависи од метеоролошките услови во текот на целата година, и секоја година е различно.
–2019 беше најлоша за “Водовод“ бидејќи 24 недели се преземаше вода, бидејќи изворите во под пелистерието не даваат доволни количнини на вода, која е уредно платена кон “Стрежево“. Количните се големи, а кога има големи количини и сумите се големи и доаѓа до недоразбирања, но сега по имаме загарантирани правила и прописи кои се наведени во договорот и начин и инструменти кои независно од нас ќе ја мерат превземената вода од “Стрежево“, рече Козаров, кој нагласи дека хидро-годината за сега е поволна и може да се задоволуваат потребите на граѓаните од околу 600 литри вода во секунда.
Директорот на “Стрежево“, Менде Граматковски, по потпишувањето на договорот рече:
-ЈП “Водовод“ е едно од трите институции кои се стратешки партнет на “Стрежево“ заедно со РЕК “Битола“ и ЗК “Пелагонија“. Од тие причини уште во 2017 година, од моето доаѓање за директор на ХС “Стрежево“ се започнаа разговори за регулирање на финансиските и техничките односи со “Водовод“. Поучени од изминатиот период кога двете претпријатија имаа не регулирани односи и комуникацијата беше на најниско ниво таквата ситуација доведе и до судски спопрови каде претријатијата трпеа и финансиска штета. Денес ова е минато, а релациите помеѓу двете претријатија можад да кажам дека се одлични. Соработката и договарањето за искористување на капацитетите на двете претријатија се на високо ниво. Со потпишувањето на измените и дополнувањето на протоколот за регилирање на снабдувањето со сирова вода на “Водовод“ од страна на ХС “Стрежево“ уште повеќе ќе допринесе да добрите односи помеѓу овие две претрпијатија продолжат и понатаму. Ова е во интерес на вработените во “Стрежево“ и “Водовод“ но и најмногу во интерес на граѓаните на општините Битола, Могила и Новаци.
С.Р.






