По денешното повторно отворање на угостителските локали во нив се вратија и гостите, но секако во намален број согласно протоколите на Владата и Комисијата за заразни болести.
На сите маси на кафулината и кафеаните низ Широк Сокак и во другите делови на градот според она што го видовме се почитуваат протоколите. На секоја маса прописно оддалечена од другата, има поставено средство за дезинфекција, а келнерите на себе имаа заштитни маски.
Љубителите на кафето, иако уртово ги немаше во голем број како пред “короната“ сепак беа на своето омилено место во кафулината, пиејќи го својот омилен напиток.
“Аеро“, “ГТ“, “Епинал“, “Пајтон“, “Портал 2“, слаткатницата “ГТ“, “Централ“, “Кафе Кафе“ ги примија своите редовни гости, кои издржаа 65 дена беа убавата навика, денот да го почнат со утринско кафе.
Но, и љубителите на омилениот утрински појадок, чкембе или телешка чорба по подолго време уживаа во доручекот, а “Белведере“, “Епинал“, “ГТ“ или “Бар Манаки“ веќе ги имаа подготвено чорбите за своите редовни гости кои, како им рекле на сопствениците дека едвај го чекале денот на отворањето.

Се врати кафето и утринската чорба во Битола (фото галерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





