Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: воз удри во “киа“ на железнички премин кај Лознани

На 28.05.2020 околу 17.50 часот на железничкиот премин во село Лознани,  патнички воз кој сообраќал на релација Скопје – Битола удрил во патничко возило „киа клаус“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 58 годишен жител на Прилеп.

Од ударот била причинета само материјална штета, а повредени лица нема, по што возачот на возилото веднаш го напуштил местото.

Железничкиот сообраќај бил во прекин. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »