Чајџилницата во рамките на ски центарот “Ниже Поле“ започнува со работа од утре, сабота, 30 мај 2020 година, а чајџилницата ќе работи секој ден.
-Ве покануваме да уживате во пријатниот амбиент, чист воздух, сонце и во прекрасната и уникатна природа. Јавното претпријатие “Стрежево“ доследно ќе ги имплементира протоколите донесени од страна на Владата, со засилени санитарно-хигиенски мерки, ќе работи само отворениот дел од објектот, со задолжително почитување на Протоколот за отворање и работа на кафетерии и на Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана, утврдени од страна на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, велат од ЈП “Стрежево“, кои упатуваат и апел:
-Апелираме до граѓаните да се почитуваат мерките и препораките за превенција, мерките за држење на растојание, носење лична заштитна опрема и да нема групирање на граѓаните.

Од утре на кафе и излет на чист воздух, во чајџилницата на “Стрежево“ во Нижеполе (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





