Кристиан Стојани, член на атлетскиот клуб Олимп од Битола, денес на контролната трка на 5 километри, која ја трчаше во Градскиот парк во Битола, во услови кои се далеку од идеални за трка, тој истрча личен рекорд 5 километри за време од 15 минути и 57 секунди.
Ова време, негов личен рекорд е нешто, што можат да го истрчаат само неколкумина во Македонија, а неколкумина, кои се бројат на само една рака, или тој е во топ-пет атлетичари кои трчаа на 5 километри.
Демир Даутовски е човекот кој посветено работи со Кристиан. Одличен тренер и вљубеник во атлетиката, со долг стаж кога станува збор за успеси и таленти, а секако ваквиот успех на Кристиан е невозможен без поддршката која ја добива од своето семејство.






