Деновиве го празнувавме празникот посветен на Сесловенските просветители, браќата, Светите Кирил и Методиј, а во нивна чест се доделуваат награди на најдобрите просветни работници, започна со своите сеќавања Димче Миновски, за рубриката, што значајно се случувало во Битола, пред 10 години, односно во овие денови во мај 2010 година.
-Здружението на просветните работници од Битола, на свечена академија која беше организирана во Народниот театар ги додели наградите на најуспешните педагози и најдобрите ученици за учебмата 2009/2010 година. Награди беа доделени за најдобар педагот во одделенска, предметна и во настава во средно образование, вели Миновски, а за кој просветни работници беа наградени додава.
-Наградата “Св. Кирил и Методиј“ за одделенската настава и беше доделено на наставничката Фатмире Махмуди од ОУ “Гоце Делчев“ од Битола, а од истото училиште награда за предметната настава доби наставничката Ленче Јошевска. За педагог на годината во средното образование награда доби Лидија Стефановска, професор во Средното општинско училиште “Таки Даскало“.
Овие награди ги додели традиционално Здружението на просветните работници од Битола, а им додели и награди на надобрите ученици, првенци, во генерациите кои освоиле значајни награди.
-Да бидам искрен, деновиве кога сме затрупани со многу проблеми, здравствени, политички и кој знае какви се уште не, не прочитав некаде за ваква награда за колегите доделена од колегите, што сигурно е награда која ја посакува секој просветен работник.

Деновиве пред 10 години: Лидија, Фатмире и Ленче најдобри просветни работници за учебната 2009/2010 (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





